Ана Бекута во патики и тренерки на гала прослава кај Жељко Јоксимовиќ – изглед што не е за пропуштање (фото)
Вчеравечер, популарниот српски пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ организираше гала прослава по повод 20 години успешно работење на неговата музичко-продукциска куќа.
На прославата дојдоа бројни познати личности од српската естрада и јавниот живот, дотерани во елегантни изданија.
Меѓу нив, и Ана Бекута, но пејачката изненади со модниот избор.
View this post on Instagram
Маркетинг
Бекута се појави во бела тренерка, модерна кошула во светли нијанси и вела јакна со качулка, покажувајќи лежерен стил.
Особено внимание привлекоа белите младешки патеки што ги носеше, украсени со светки.
View this post on Instagram
Коментарите се различни, некои ја поддржуваат за нејзиниот младешки избор и за промената на стилот (зашто секогаш ја гледаме во елегантни фустани), други пак коментираат дека изгледа како да тргнала на тренинг.
View this post on Instagram
Сеќавајќи се на почетоците на основањето на студиото, за кое денес слави успешна 20-годишна работа, Јоксимовиќ за српските медиуми истакна:
„Сакав да направам чекор во кариерата, мислам дека успеав во сето тоа. Ми го украдоа првото студио, морав да земам два кредита и лизинг за да купам нов простор, да земам опрема, на почетокот ми беше многу тешко. Морав да учам нови работи. – рече Жељко и продолжи.
– Работев со многу изведувачи, сега можам да се пофалам со околу 200 концерти, тоа е голема бројка. Размислував зошто порано не правев вакви прослави, се плашев да не е рано, но ова е веќе голема продукција – рече тој.