Дошол во болница, докторите ги чекал шест часа па си заминал дома. Пред смртта оставил потресна порака
Еден ден пред неговата смрт, 39-годишниот маж го опиша своето искуство со канадскиот здравствен систем на социјалните мрежи
Смртта на 39-годишниот Канаѓанец Адам Бургојн, која следеше откако тој одби да чека неколку часа за преглед во болница, предизвика голема јавна дебата во таа земја за јавното здравство, пишува Newsweek.
Бургојн почина на 6 декември од последиците на аневризма, а само еден ден претходно на социјалната мрежа Х го опиша своето искуство со канадскиот здравствен систем. 39-годишниот објавил дека лекарите откако се увериле дека неговиот живот не е во опасност, го испратиле во чекалната каде што чекал шест часа, пред да реши да си ги земе работите и да си оди дома.
„Синоќа бев малку исплашен за моето здравје, но за среќа не беше срцев удар. Не бев сигурен што е, бидејќи кога се уверија дека не умирам, ме исфрлија во чекалната, а шест часа подоцна решив да си одам дома“, напиша тој.
Had a bit of a health scare last night, but thankfully it wasn't a heart attack. Not sure what it was, though, because once they made sure I wasn't dying I was thrown out into the waiting room and 6 hours later I said f*ck it and went home.
Canadian health care, folks. Best in… pic.twitter.com/kQIHyc2ZCc
— Ⓐ (@big_figgot) December 5, 2024
„Системот не функционира“
Бургојн изјавил дека направил ЕКГ, но не биле земени крвна слика или рендген за да се процени неговата состојба. Во коментарите тој им напиша на своите следбеници дека не верува дека се работи за паничен напад, кој претходно го доживеал. „Болка во градите на левата страна, гадење, леплива кожа… Се обидов да дишам длабоко за да видам што ќе се случи, но почна да се влошува па отидов во болница“, напиша тој на X на 5 декември.
Неговата приказна го стави во фокус јавно финансираниот здравствен систем на Канада, кој често е цел на јавна критика. Имајќи предвид дека здравствениот систем во земјата се заснова на принципот на достапност, а не на способност за плаќање, многу Канаѓани кои можат да си дозволат американска здравствена заштита често патуваат во Соединетите држави за да се извршат одредени процедури.
„Има неверојатни луѓе кои работат во канадскиот здравствен систем, лекари од итната медицинска помош кои навистина се грижат, неверојатни медицински сестри… но нашиот систем не работи, а тоа функционира така веќе некое време“, напиша канадската новинарка Кетрин Бродски на X, коментирајќи за смртта на 39-годишниот.
Загрижувачки податоци
„Луѓето умираат чекајќи ја вистинската дијагноза. Има премалку лекари. Премалку ресурси. Има премалку PET/CT машини (околу 56 PET/CT машини во споредба со 2370 во САД). Чекањето во собата за итни случаи е толку долго што многу луѓе се плашат да одат. Ова не може да продолжи повеќе. Мораме да го промениме тоа и да обезбедиме сите да бидат покриени, но за тоа е потребна вистинска волја“, тврди таа.