Реклама
Вести

СРЃАН ЗАРАБОТУВА 6.000 ДОЛАРИ МЕСЕЧНО ВО АМЕРИКА: Работи само 3 дена во неделата (ВИДЕО)

Реклама

Многупати сме виделе дека Америка е место каде се е можно, а пример за тоа е oвој човек од Србија кој живее пристоен живот работејќи само три дена во неделата. И тоа не како програмер или агент за недвижнини, туку како мајстор за палачинки.

Имено, Србинот Срѓан Ѓокиќ (55) решил да се пресели во Сан Бернардино во Калифорнија по 50 години поминати во Германија, каде што како бебе заминал со семејството. А својата работа со продажба на палачинки ја нарекува работа од соништата.

Маркетинг

„Работев во перална, но ја купија некои Египќани. Кога видоа дека добивам 19 долари на час, ми рекоа дека отсега саатницата ќе биде 5 долари помалку. Тоа за мене беше знак, дека е време да започнам сопствен бизнис. И сите пари што ги имав ги дадов за се што треба за да продавам палачинки. Првиот ден продадов 4 палачинки, вториот 7 и сè идеше на подобро“.

Маркетинг

Продавал палачинки покрај тоалетот

Меѓутоа, токму кога се надевал дека работата му оди одлично, дошла полиција и го прашала дали има лиценца.

„Кога одговорив дека немам дозвола, морав да си ги спакувам работите. Меѓутоа, ми приоѓа една жена и ми вели зошто не одиш на плацот каде што сите стојат и продаваат. Ја гледам, јас не знам за што зборува, но отидов таму, ме ставија на крајот, кај тоалетот, што се покажа како добра работа, бидејќи сите што отидоа таму сакаа да купат палачинки“, рече Срѓан, кој оттогаш мораше да купува секој ден се повеќе материјал поради огромната побарувачка.

Тајната состојка

Тој тврди дека само уште три лица освен него знаат за состојките на неговите палачинки.

„Рецептот што го користам е голема тајна. Тројца други луѓе многу блиски до мене знаат што влегува во смесата. Брашно, млеко и јајца, но има и некои други работи“, изјави тој за каналот на YouTube Драган Ракоњац, објаснувајќи дека работата што ја работи во Америка, никогаш не би можел да ја работи во Германија или Србија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button