Тој остави голема трага на срската музичката сцена
Почина Зденко Мартиќ, еден од најпознатите музичари од Крагуевац. Почина на 72-годишна возраст.
Тој беше една од неговите најсветли музички легенди, познат и како „Walking Rock and Roll“. Неговата страст за музиката, неповторливата харизма и неисцрпната енергија го направија незаборавен дел од културната сцена во Крагуевац.
Гитарата на Зденко не свиреше – таа зборуваше, се смееше и плачеше заедно со него. Неговите први акорди беа инспирација за многумина, а учењето музика под негово водство беше привилегија и чест. Тој беше симбол на рокенролот во неговата автентична форма, уметник кој ги спои генерациите со својата музика и остави неизбришлив белег.
Зденко Мартиќ нема да биде заборавен – неговото име ќе остане засекогаш запишано во музичката историја на Крагуевац, а неговите акорди ќе одекнуваат во срцата на сите што имаа можност да го запознаат, пишува „ucentar.rs“.