Реклама
Наши ѕвезди

Ново ремек-дело со 15 музичари и дури 30 актери ќе не потсети кои сме и од каде дојдовме!

Реклама

Наскоро македонската ризница ќе биде збогатена со уште едно ремек-дело кое зборува за нашата традиција и историја, играна програма во режија на Владо Дојчиноски во која учество земаа 15 врвни музичари и дури 30 актери.

Имено, станува збор за симфонија меѓу играна и музичка програма, огромен комплексен проект на кој долго време се работеше и каков што досега домашната јавност нема видено. Зад филмот како автори се потпишуваат: Владо Дојчиноски (режија и сценарио), Михаил Јовиќ (продуцент), Зати Продукција (видео реализација), Трајче Соколар (дрон) и Љупчо Павловски (микс и мастеринг), а премиерно ќе биде емитуван наскоро на програмата на Канал 5 Телевизија.

Маркетинг

Во актерската екипа учествуваат: Владо Дојчиноски, Гоце Тодоровски, Давид Илиќ, Лазар Бараков, Ели Клинчаровска – Младеновска, Перо Цаца, Зоран Талевски, Симона Шеќерова, Антонио Талевски, Марко Талевски, Борче Мицевски, Николче Ноцески, Ана Ноцески, Сара Ноцеска, Добри Димевски, Игорче Шојлелевски, Николче Јовановски, Златко Стојановски, Столе Кулевски, Александар Трајковски, Гоце Диневски, Панче Велковски, Ивица Ѓуровски, Теодора Јовиќ, Михаил Јовиќ, Ѓоко Јовиќ, Јоан Јовиќ, Марко Диневски, Петар Диневски, Емилијан Велковски, Изабела Ѓуровска и Константин Ѓуровски.

Маркетинг

Играната програма е испреплетена со македонски патриотски песни отпеани од златното грло на Ѓоко Јовиќ, а отсвирени од врвните музичари: Александар Трајковски (кларинет и саксофон), Мишел Трајковски (хармоника), Иван Трајковски (виолина), Ивица Ѓуровски (тапани), Панче Велковски (клавијатура), Гоце Диневски (бас клавијатура), Далибор Ефтимовски (тапани), Гоце Димовски (кавал и зурла), Марче Кисми (гитара), Сара Пројковска (пратечки вокали), Искра Јанкова (пратечки вокали), Анѓела Влинтовска (виолина), Сања Здјелар (виолина), Теодора Јовиќ (пратечки вокали) и Михаил Јовиќ (тапан).

Како помагатели на проектот учествуваат: КЈК Букефал (Битола), Општина Илинден, Миленко Андрески (за античките костуми), ФА „Седенка” и Роберт Ангеловски (за комитски костими) и Перо Цаца (исто така комитски костими).

Премиерата на патриотскиот филм кој е симфонија меѓу играна и музичка програма ќе биде промовиран и премиерно емитуван наскоро на програмата на Канал 5 Телевизија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button