Реклама
Вести

Метеоролозите предупредуваат: „Викендов доаѓа драматична зимска бура“- овие земји во Европа ќе бидат под удар, ќе зафати и дел од Балканот

Реклама

Студениот воздух ќе го претвори дождот во снег од доцна сабота до недела наутро од север кон југ преку Алпите. Вистинска снежна бура се очекува над Австрија и делови од Словенија, пишува Severe Weather Europe.

„Ќе се развија голема бура кон западна Европа и ќе се интензивира со големи врнежи од снег идната недела“, се наведува во соопштението.

Многу региони ќе бидат погодени од силни врнежи на дожд и на снег, а условите за патување ќе бидат отежнати.

Маркетинг

По блокираниот проток над Северен Атлантик, доминантна карактеристика ќе биде значајниот систем со висок притисок, заедно со длабоката депресија која се движи од Обединетото Кралство, Холандија, Белгија и Германија, а во текот на викендот ќе завладе вистинско зимско време.

Маркетинг

Во прокото помеѓу висок и низок притисок ќе овозможи ладната воздушна маса да се прошири и далеку на југ кон запдна и југозападна Европа, вклучувајќи ја и северозападна Африка. Ова ќе донесе снег на Пиринеите и Алпите.

Главната интересна карактеристика ќе биде атлантската бура која брзо се развива, која ќе влезе во Ирска и Велика Британија во петок и ќе се развие во голем фронтален систем додека се движи низ западна Европа во сабота.

И познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец преку Severe Weather Europe предупреди дека викендов Европа ќе ја зафати зимска бура.

Тој рече дека бурата ќе биде формирана поради длабока област со низок притисок што се развива над северниот Атлантик и се движи кон западна Европа, носејќи врнежи од дожд и студена воздушна маса.

Ќе има продор на студен арктички воздух кој ќе услови пороен дожд, снег и засилен ветер. Во петок веќе ќе ги зафати Велика Британија и Ирска, а во сабота системот ќе се прошири кон Белгија, Холандија и Франција, а потоа ќе се движи кон Германија и Алпите.

Се очекуваат засилен ветер со налети до 120 км/ч, врнежи од снег и опасни услови на патиштата. Системот би можел да го опфати северот на Италија и дел од Словенија. Свеж снег се прогнозира за многу области, вклучително и северна Велика Британија, северна Иберија, алпски регион, западен Балкан и централна Европа. Повеќе снег ќе има низ Источна Европа и Скандинавија.

Временските услови и условите за патување брзо ќе се влошат во западна и централна Европа бидејќи зимската бура го зафати целиот континент за време на викендот.

Температурните аномалии ќе бидат најизразени на почетокот на следната недела, со вредности далеку под просекот во Шпанија, Португалија и Франција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button