Реклама
Наши ѕвезди

Благица Павловска го покажа големото срце, а глетката е срцепарателна – „донесете ми го дома…“

Реклама

Фолк ѕвездата Благица Павловска повторно покажа дека е добар човек и дека е полна со емпатија.

Познато е дека пејачката е голема љубителка на животни, а дома има вдомено и згрижено повеќе кучиња.

Маркетинг

Вчера, на фејсбук-страницата Миленичиња – домашни и улични, се појавија тажни фотографии од уште потажно кученце оставено на дождливото време на улица.

Маркетинг

„Претажен кутрак, нов во Ново Лисиче со маркица СКХ 112 доколку е нечиј маалски миленик. Уплашен многу бидејќи тука има доста маалски кои го бркаат. Има кратко опавче“, пишува во објавата.

Благица очигледно многу ја растажила оваа глетка и веднаш реагираше.

„Да ми го донесе некој дома, може“, напиша фолк ѕвездата.

Инаку, Благица е многу активна на социјалната мрежа Фејсбук кога се во прашања домашните миленици и уличните кучиња и мачки, а особено споделува објави за вдомувања и неопходни лекувања на напуштени животни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button