Вести

„Го загубивме нашиот драг пријател…“ Актерот (40) ја загуби битката со агресивен тумор

Advertisement

Пријателите ја споделија оваа шокантна вест на социјалните мрежи.

Австралиската ѕвезда од Бродвеј Сем Кларк почина на 40-годишна возраст, по 18-месечна битка со агресивен тумор на мозокот.

Advertisement

Тој на 22 август трагично ја загуби битката со глиобластом – брзорастечки и смртоносен тумор на мозокот, а неговите пријатели неодамна ја споделија потресната вест на социјалните мрежи.

„Го загубивме нашиот драг пријател Сем по 18-месечна битка со глиобластома. Сем живееше многу животи. Работеше како професионален актер и продуцент во Австралија и Њујорк многу години пред да основа своја компанија“, се вели во соопштението.

„Сем стана американски државјанин во јануари 2020 година. Тој беше љубител на многу работи, вклучувајќи часовници, градење компјутери, го сакаше Елтон Џон, пивото, политиката, берзата и античката историја“.

Роден во 1984 година, по дипломирањето на курсот за изведувачки уметности, тој се преселил во Бризбејн за да ја започне својата кариера како сценски актер.

Кларк ја воодушеви театарската публика со неговите неверојатни и духовити изведби во многу реномирани продукции, вклучувајќи ги „Априлска шега“ на Дејвид Бартон, „Често наоѓам дека сум гол“ на Фиона Спрот и „Зајакот“ на Нина Рејн.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button