Реклама
Вести

Еве кои граѓани наскоро ќе добијат 11.000 денари на своите сметки

Реклама

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, велат во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Маркетинг

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

Маркетинг

На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, се вели во соопштението.

Уште на почетокот на минатиот месец, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември.

Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.

фото илустрација

Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

– Што значи до 31 декември секако ќе биде завршена исплатата на К-15, вели Јаневска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button