Вака прави најзгодната баба во регионот – Неда Украден се облече во срциња и со цело семејство ја накити елката
Празничната атмосфера во домот на најзгодната баба во регионот, познатата пејачка Неда Украден, веќе пристигна.
Добро е познато колку Неда е врзана за семејството. Ќерката Јелена и зетот Предраг и подароја три прекрасни внуци, Неда, Александар и Душан кои се најголема гордост на пејачката. Неда се уште напорно работи за да им пружи на најмилите се што тие ќе посакаат, а внуците постојано се покрај баба им.
Дури и за украсување на домот, не заборави на семејството. Таа се облече во бел џемпер со срценца во комбинација со црвен долен дел тренерки, и го покажа беспрекорниот стил – елката ја украсија со доминација на цревни и златни нијанси.
Тука се и шишарките, но и црвените рози кои додаваат посебен гламур.
Дека Неда Украден често го собира семејството, покажуваат и фотографиите направени на неодамнешниот празник Свети Архангел Михаил.
За овој празник пак, таа ги покажа и своите готвачки вештини, а потоа се дотера во беспрекорно а-ла „шанел“ фустанче.
Потсетуваме, Украден има полни 74 години, а се уште изгледа неверојатно.