ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови.
Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
ДОКТОР – СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУД
Потребни квалификации:
Завршено високо образование – Медицински факултет
Уверение за специјалист по трудова медицина
Лиценца за работа во дејноста издадена од Лекарска комора на Македонија
Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Да има општа здравствена способност
Познавање на работа со компјутери
Познавање на англиски јазик
Потребни способности и вештини:
Организираност и одговорност
Одлични комуникациски вештини
Професионалност
Способност за индивидуална и тимска работа
Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Компанијата нуди:
Почетна плата 120.000 денари
Одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера
Бенефити за вработени
Протокол за грижа на здравјето – “Здравјето на вработените е наш приоритет”
Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки