Охридската полиција утринава во 07:21 чaсот добила пријава дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.
-По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.
Маркетинг
По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .