Реклама
Вести

Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Реклама

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека денеска е извршена исплата кон 3 420 лица во висина од речиси 140 милиони денари, за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица.

Како што се наведува во соопштението, корисници на овие средства се земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива земјоделска површина со поледелски култури – пченица.

– Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година.

Маркетинг

Корисници на овие средства се земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива земјоделска површина со поледелски култури – пченица (барање за субвенции за засеани и ожнеани површини со пченица, подмерка 1.1) и оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 5 септември 2024 година.

Исто така корисници се и земјоделски стопанства кои произведената пченица ја користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм, наведуваат од МЗШВ.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button