Температурите драстично паднаа и во некои европски земји достигнаа минус 11,2 степени.
Вторник донесе со себе вистинска арктичка експлозија на студен воздух во Британија, што резултираше со сообраќаен хаос низ целата земја. Возачите останаа заглавени на патиштата, а железничкиот сообраќај беше во прекин.
Температурите драстично паднаа и достигнаа минус 11,2 степени. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за сериозно време за снег и мраз, а проблеми во сообраќајот беа пријавени во поголемите градови.
Вистинската зима пристигна, а снегот и мразот ја обиколија Британија. На граѓаните им е кажано да се подготват за замрзнати патишта, потенцијални прекини на струја и прекин на јавниот превоз, вклучително автобуси и железница. Националните железници најавија дека студеното време ќе зафати различни линии најрано до 14 часот.
Автобус утрово се преврте на А952 во Шкотска по сообраќајна несреќа, а полицијата информираше дека сообраќајот ќе биде пренасочен во следните 48 часа. Ледениот бран кој веќе ја зафати Британија утре ќе пристигне и на Балканот.
Поради продор на значително поладен воздух од север, ноќта петок кон сабота и во сабота (23.11.2024) претпладне најпрвин на повисоките места и на планините, а потоа и во пониските места (градовите), и тоа особено во северните и во западните предели од Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка, особено на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка е можно да се формира и во градовите во северните и во западните предели од Македонија, објави Славчо Попоски.
Во Скопскиот регион исто така во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во текот на денот и вечерта ќе започнат врнежи од дожд кои поради продор на значително поладен воздух од север, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе преминат во врнежи од снег. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и во пониските предели од котлината во сабота рано наутро и претпладнето (23.11.2024).
Од ноќта петок кон сабота, како и во сабота на 23 Ноември ќе дува силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70/80 км/час).
Овој леден бран претставува сериозен предизвик за сообраќајот и секојдневниот живот на граѓаните и ќе бара посебни мерки на претпазливост и подготовки. Со оглед на предвидените врнежи, важно е граѓаните да бидат внимателни и да ги следат советите на надлежните институции за да се избегнат непријатности поради неповолните временски услови.