Реклама
Вести

OГРОМНА ТАГА – почина познатиот музичар

Реклама

Познатиот рапер и актер почина на 54-годишна возраст. Реџи Гибсон, попознат по уметничкото име Сафир, со години пред смртта имал здравствени проблеми, поради што бил во инвалидска количка.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот колега „ Xzibit“. Раперот, продуцентот и актерот ја започна својата музичка кариера во 1993 година и стана влијателна фигура во американскиот хип-хоп од „западната страна“, иако поголемиот комерцијален успех не го фаворизираше.

Освен во музиката, Сафир се проба и во актерството. Дебитираше во култниот филм „Menace II Society“ од 1993 година, во кој глуми и Џејда Пикет Смит.

Маркетинг

Во последните години од животот Сафир имал сериозни здравствени проблеми и бил врзан за инвалидска количка, објави Дејли мејл.

„Не ми се верува дека го пишувам ова, но не знам што друго да правам во моментов“, напиша Xzibit во емотивната објава.

Маркетинг

„Имаме толку многу заедничка историја што не можам ни да објаснам што чувствувам во моментов. Нека почива во мир сега“, додаде тој во друга објава.

Според извештаите, Сафир починал во неговиот роден град Оукленд. Иако причината за смртта не е потврдена, познато е дека тој со години имал сериозни здравствени проблеми, вклучително и операција за отстранување на тумор од ‘рбетот.

Во текот на 1990-тите живеел со легендарниот Тупак. Сафир ќе остане запаметен како иновативен уметник кој остави длабока трага во светот на хип-хопот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button