Вереницата ја потврди тажната вест!
Актерот Пол Тил, познат по улогата во популарната серија „One Tree Hill“, почина на 15 ноември на 35-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Веста за неговата смрт ја потврди неговата свршеница Емилија Торело, која искажа емотивни зборови
– Најпромислениот, најинспиративниот, најмотивираниот, најдисциплинираниот човек полн со љубов почина во петок 15. ноември 2024 година. Пол, ти беше мој сродна душа, мојот иден сопруг, мојата карпата и мојата иднина. Секогаш ме исполнуваше со смеа, мојот стомак со пеперутки, а срце со љубов. Прерано те однесоа, во борбата што ја водеше храбро, без неуспех.
View this post on InstagramМаркетинг
– И додека еден дел од мене умре со тебе, ти ветувам дека ќе се борам да ја најдам среќата во животот. Светот има среќа што имал моменти со тебе, а јас сум најсреќната личност затоа што можев да те наречам мој. Ќе те сакам засекогаш – додала Торело во емотивната објава.
Оваа потресна објава доловува колку Пол Тил остави силен белег, не само во светот на забавата туку и во животот на неговите блиски.
Од него се прости и неговата колешка Бетани Џој Ленц, која во серијата ја играше Хејли Џејмс Скот.
– Тој беше човек кој ќе внесуваше радост во просторијата без воопшто да се труди. Неговата насмевка, заразната смеа и љубезното срце ќе ве натераа да посакате да бидете што поблиску до него – рекла таа.
Неговиот живот и борба остануваат инспирација за многумина, и загубата на еден толку посебен човек длабоко го потресе како неговито семејството и пријателите, така и обожавателите ширум светот.
Пол се појави во седум епизоди од популарната американска серија „One Tree Hill“, која се емитуваше и беше многу популарна во целиот свет, а тоа беше негов прв актерски ангажман. Режисерот на серијата истакна дека актерот е многу добар и дека е задоволство да се работи со него.
Други телевизиски појавувања вклучуваа серии како „Добро однесување“, „Династија“, „Мртвите што одат: Светот зад себе“ и „Надворешни банки“.