Реклама
Вести

Во вторник е голем празник – ова никако не правете го

Реклама

На 19-ти ноември православните христијани го слават празникот Свети Павел Исповедник, Цариградскиот патријарх, кој бил избран од народот. Именден слават Павле, Павел, Павлина…

Претходникот на Павел, Александар, лежел на смртната постела и верниците го прашале кого тој ќе назначи за свој наследник, на што тој им одговорил:

„Ако сакате да иматe пастир кoј ќe вe учи и кoј ќe ви свeти сo дoбрoдeтeлитe, избeрeтe гo Павел, а акo, пак, сакатe самo да иматe личeн чoвeк и oднадвoр украсeн, избeрeтe гo Макeдoниј”.

Маркетинг

По ова, народот го избрал Павел, со што тој станал патријарх, но тоа не им се допаднало на ариевците и на царот Констанциј, заради што Павел бил симнат од патријаршискиот трон.

Маркетинг

По симнувањето од тронот, Павел, заедно со Свети Атанасиј Велики, побегнал во Рим каде биле убаво примени од Папата Јули Први и Констанс Први, по што на нивно барање Павел бил вратен на престолот.

Но, кога умрел Констанс, ариевците повторно го кренале гласот и го прогониле Павел во Ерменија. Овој светец бил удавен со христијанската облека (омофорот) додека вршел света литургија.

Неговите мошти во 351-ва година биле пренесени во Цариград, а во 1236-та година во Венеција, каде се наоѓаат и денес.

На овој ден именден слават Павле, Павел, Павлина…

Според некои народни верувања на овој ден, кој уште се нарекува и мразовден бидејќи првиот мраз почнува полека да ги покрива реките, немажените девојки не треба да преспијат во туѓа куќа затоа што таму ќе си ја остават среќата.

Исто така се верува дека не треба да се позјамуваат ниту пари, затоа што во текот на целата година ќе треба да позајмувате некому пари.

Ако, пак, земете пари на заем, нема да можете да ги вратите цела година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button