Во сабота е голем празник: На овој ден не треба да се изнесува ништо од домот – eве зошто!
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) во сабота е 3 ноември(16 ноември).
Овој ден се празнува Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска.
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.
Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар.
Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби.
Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.
Според народните верувања од денес па до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде претстојната зима.
Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.
Постои верување дека денес не смеете ништо да изнесете од вашиот дом, во спротивно во текот на годината ќе имате само трошоци без приходи.
Народните верувања велат дека денес не треба да се преде волна, да се пере. Жените не треба да се поврзуваат со било каква рачна работа.
Народот верува дека токму на денешен ден доаѓа зимата, а си заминува на Ѓурѓовден (6ти мај).