ОПЕРАЦИЈАТА НА НОСОТ ЈА ПЛАТИ СО ЖИВОТ: Ќе се шокирате кога ќе слушнете како го нашла хирургот – се бореше 4 дена!
Агата Маргарет Спада (22) пристигна во Рим на 4-ти ноември од Лентини, Сицилија, за да направи естетска операција на носот. Сепак, само три дена подоцна, на 7 ноември, таа почина во болницата Сант Еугенио по итна хоспитализација.
Според извештаите, Агата почнала да трепери по давање на анестезија, а нејзината состојба брзо се влошила и покрај сите напори на лекарите. Дури тогаш било контактирано нејзиното момче за да одговори на прашања за можни алергии.
Влегол во операциона сала и со мобилниот телефон ги снимил драматичните сцени. Медицинскиот персонал повикал брза помош, која пристигнала со реаниматор. Агата четири дена се борела за живот, но на крајот починала.
Сомнение за анафилактичен шок
Родителите на Агата пристигнале од Сицилија и биле со неа до последен момент. Адвокатот на семејството, Алесандро Винчи, рече дека анестезиолозите наскоро ќе бидат сослушани за да се утврди дали имало невнимание.
„Сè уште не знаеме дали на Агата и била дадена локална анестезија или нешто поинвазивно. И не знаеме дали центарот воопшто имал дозвола да дава анестезија. Ги чекаме резултатите од аутопсијата“, рече тој.
Според Il Messaggero, девојката можеби претрпела анафилактичен шок или алергиска реакција. Семејството тврди дека Агата била во добра здравствена состојба и немала никакви хронични заболувања или терапија. Алтернативна можност е да примила супстанца која се покажала фатална. За да се потврди ова, ќе треба да се почека наодот од обдукцијата.
Обвинителството во рамките на истрагата ги анализира контактите и комуникациите на клиниката, вклучително и промоцијата на социјалните мрежи што ја мотивираше Агата да оди на операција.