Реклама
Вести

Тешка битка за живот: Готвачот Антонио, кој се бори со рак и пневмонија, замолува за помош

Реклама

Антонио Јанковски има потреба од нашата помош.

Готвачот кој се појави во кулунарска емисија на “Канал 5” се соочува со тешка животна битка, кога дијагностициран му е рак, а во исто време има и пневмонија. Антонио Јанковски се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните.

“Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене.

Маркетинг

Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“, напиша тој на „Фејсбук“.

Маркетинг

Ова е сметката на која можете да донирате.

Стопанска Банка

200004050431223

Јанковски пред неколку години проговори за ракот и за својата тешка животна приказна. Тогаш кажа дека по разделбата со сопругата, забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button