Вести

ПРИСТИГААТ 10 СЕНТИМЕРИ СНЕГ Овие делови на Македонија ќе побелат

Advertisement

Денешното утро во Македонија повторно донесе зимски температури на воздухот, но сепак, поради облачноста денес наутро тие беа повисоки за разлика од изминатите утрини.

Во следните денови повторно ќе имаме нови врнежи кои ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Особено во четврток и петок, поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег повторно ќе има и на некои места со помала надморска височина (населени места).

Advertisement

До крајот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме студено време, со значително потпросечни температури на воздухот за овој период од годината, и тоа особено во четврток и во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, oбјави Славчо Попоски.

Исто така, особено во четврток и во петок повторно во Македонија на повеќе места ќе има нови повремени врнежи со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе има формирање на нова снежна покривка. Сепак поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег ќе има понекаде и на местата со помала надморска височина (населените места), особено во северните и во западните предели од Македонија.

Advertisement

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.

Во четврток и во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион, особено во четврток и во петок ќе има повремен дожд и повремено засилен ветер од северен правец. На повисоките места, односно на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Поради ваквата состојба, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено вои четврток и петок кога очекуваме нови врнежи од дожд и снег.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button