Реклама
Вести

MAKEДОНИЈА ТАГУВА: Младиот Бошко ја загуби најтешката битка

Реклама

Почина 19-годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ќе успее да се спаси од тешката болест. Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови.

Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.

Единец на мајка. Ѕвездо наша најсјајна, душа чиста како ангел, срце пречисто како солза радосница, светлино наша, ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање, емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината, сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван. Биди спокоен чедо наше, таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен. Вечен спокој на душата твоја, те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине, не можевме да те сочуваме! Биди ангел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ, НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша таа на социјалните мрежи.

Маркетинг

Сочувство изрази д-р Ненад Лазаров, кој за Бошко собираше пари преку платформата Ecrowd.

Со жалење ја примивме веста дека нашиот штитеник Бошко починал. Сочувство до семејството и пријателите на овој борец кој не се откажа и даде сè од себе до последните моменти! На сите вас кои дониравте вечна благодарност што успеавме да не му ја скратиме и најмалата шанса и надеж. Тежок ден. Нека ти е светол патот дете, научивме многу од тебе и твојата храброст!, напиша тој.

Маркетинг

Погребот на Бошко, како што информираше неговата мајка, ќе биде утре – среда. Посмртните останки ќе бидат изложени во камелата во Кавадарци од 12 до 13 часот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button