Вести

Еве во кој град ќе биде шестиот маркет на Лидл во Македонија

Advertisement

Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на новинарско прашање, каде ќе биде лоциран „Лидл“ во Штип, одговори дека оваа компанија е заинтересирана за две локации, едната е спроти поранешното одделение за нервни болести, каде што во моментов и интензивно се доградува и булеварот „Партизанска“, а втората е кај автобуската станица во Штип.

Advertisement

– На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица. Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира. Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“ – вели Јорданов.

Тој посочи дека во Штип на повеќе локации има инвестиции и градежни активности од приватни инвеститори, а нивна задача е како локална самоуправа да ги издаваат градежните одобренија и да размислуваат за развој на градот и нови вработувања.

Покрај Кавадарци, Битола и Гази Баба (Скопје), ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Маркетот во Штип е шести од најавените маркети на ЛИДЛ во Македонија.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button