Во 1969 година, Крајач ја претставуваше Југославија на Евровизија со композицијата „Поздрав до светот“.
На 86-годишна возраст почина хрватскиот пејач Ивица Крајач.
На пошироката јавност и е познат како основач на вокалниот квартет 4М, објави порталот Music.
Квартетот е основан во 1957 година и набрзо стана најпопуларен бенд во тогашната СФРЈ.
Во 1969 година, Крајач ја претставуваше Југославија на Евровизија со композицијата „Поздрав до светот“.
Дипломирал музика на Педагошката академија, а потоа театарска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб.
Меѓу другото, Крајач бeше пејач, текстописец, режисер во театар и пишувал за филмови и телевизија. Ја носи титулата претставник на загрепската Шансонова школа, а квартетот 4М по кој го памети поголемиот дел од јавноста го основал во далечната 1957 година со неговите школски другари.