Пејачката Џејд Арнел Томас беше застрелана во градите по настап.
Полицијата соопшти дека Џејда Арнел Томас била застрелана додека давала автограми по нејзиниот настап во Далас на Aкадемијата за уметности и книжевност на 2 ноември.
Како што пишува „The Guardian“, пејачката веднаш била пренесена во болница и моментално е во стабилна состојба.
Поради овој инцидент, приведена е дваесет и шест годишната Мика Вилијамс, за која се претпоставува дека пукалa во пејачката од толпата.
Засега не се знае дали двeтесе познавале од порано или кој бил мотивот за пукањето.
Основачот и директорот на местото каде што настапуваше пејачката, Куртис Кинг, беше сведок на инцидентот и проговори за тоа.
„Салата беше полна, луѓето стоеја во ред за автограми и наеднаш слушнавме истрел. Беше нереално. Како се да се случуваше во забавена снимка“, рече тој за споменатите медиуми.