Реклама
Наши ѕвезди

Лила скршена од голема болка по погребот на Зоки – го испрати во вечниот дом, го виде последен пат…

Познатите се збогуваа од својот драг пријател

Реклама

Нашиот познат новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, денес беше погребан на гробиштата во Катланово.

На погребот беше и познатата водителка Лила Филиповска која долго време беше неразделна од Зоки и важеа за големи пријатели.

Таа денес беше на неговиот погреб, а од Зоки се збогуваше и со емотивна порака што ја сподели на социјалните мрежи.

Маркетинг

Таа се огласи на својот Инстаграм профил каде напиша:

Маркетинг
Фејсбук/ Лила Филиповска

-Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува. Достоинствено. Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:

“Сјај во тревата, иако ништо не може да го врати сјајот во тревата и убавината на цвеќето,. Ние не ќе жалиме, ќе најдеме сила во она што преостанува, во блажените мисли  кои се шират низ човековото страдание, во верата која гледа низ смртта…“

„Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”

Фејсбук/ Лила Филиповска

Фејсбук/ Лила Филиповска

На погребот беше и Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој исто така се огласи и на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Бојан Јовановски

Боки сподели и неколку фотографии од настанот, а во својата последна порака за Зоки го напиша следново:

„Драг Зоки, те испративме достоинствено, нека ти биде светол патот… Последен поздрав, последна почит, Почивај во мир“

Се огласи и пријателот на Лила, Спасе Јовановски, познат како Рола до Бола на социјалните мрежи, кој исто така беше многу добар пријател и со Зоки и со следните зборови се збогуваше од него:

Од божји нишан не се бега, збогум драг пријателе!

Инстаграм/ Зоран Василевски

Денес кога те испрраќав кон твојот вечен дом, се мислам дека стоеше од некоја страна не гледаше и коментираше во твој стил…

“Аууу срц, скупичко си ми се дотерал”

“Сррррццц милионериии”

“Што плачете будалетини едни”

Фејсбук/ Спасе Јовановски

„Така кога го спуштаа ковчегот денес сфатив уствари колку ќе ми фалиш…

Едно е сигурно, ќе ми фали кафето со тебе, смеењето до солзи и она твоето БАШ!

Патувај кон царството небесно Зочко, те сака твој Ролчич!“

Потсетуваме, Зоран Василевски познат како Зоки Фаци денес беше погребен на гробиштата во Катланово каде се закопани и неговите родители. По подолго боледување Зоки не успеа да ја победи болеста, а неодамна се врати од Турција каде требаше да се лекува. Но по направените испитувања беше откриено дека ракот метастазирал, па тој се врати во Македонија.

Зоки тука го продолжи лекувањето, но за жал болеста беше посилна…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button