Реклама
Вести

Прости ни, не знаевме дека те испраќаме во смрт….Трогателно збогување со Немања (17), кој загина на железничката станица

Реклама

Ден на жалост во Србија по страшната несреќа во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а тројца завршија со тешки повреди. Меѓу загинатите и македонски државјанин. 45 годишниот Васко Саздовски почина откако се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Надлежните најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена летово по тригодишна реконструкција. Во поправките биле вклучени транспортниот институт, кој го реализирал проектот, железничката инфраструктура на Србија, која е одговорна за станицата и кинеските компании, кои биле изведувачи.

– Во тек е увид да се утврди како паднала настрешницата. Ќе се провери и зошто настрешницата не била дел од планот за реконструкција и кој утврдил дека нема потребна од реконструкција. Идејното решение беше објавено во мај 2020 година, а идејниот проект беше усвоен во август истата година. Самата градежна дозвола е издадена во октомври 2021 година. Во тој процес има луѓе кои ја оценуваат статиката и даваат предлози кои потоа поминуваат стручна ревизија. Врз основа на тоа некој донел одлука настрешницата да не биде предмет на реконструкција. Ако тогаш детално се реконструираше настрешницата, ова немаше да се случи.“ – Горан Весиќ министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

Маркетинг

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад отвори истрага и почна со распит на лицата кои биле вклучени во реновирањето на станицата. Први се очекува на разговор да се појават одговорните на неколку институции кои работеле на обнова на станицата. Според тврдењата на кинеската компанија која ги изведуваше работите, тој дел од зградата не бил предмет на реконструкција.

Немања Комар (17), тинејџер од Степановиќево е eден од загинатите во несреќата на Нови Сад, каде вчера се урна настрешницата на железничката станица. Од него се збогуваа пријателите, роднините и училиштето во кое учеше.

Маркетинг

„Почитувани ученици, родители, наставници, колеги, со неизмерна болка и тага ве известуваме дека нашиот Немања Комар загина во трагедијата што се случи вчера во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство до семејството. Драг наш Немања, патувај со ангелите“, напишаа на Фејсбук страницата на неговото училиште „Алекса Шантиќ“.

Со младиот Немања Комар се простуваат и жителите на Степановиќево.

„Прости ни, не знаевме дека те испраќаме во смрт“, потресните зборови напишани под фотографијата на Немања ги расплакаа Нови Сад и цела Србија.

Една објава особено се издвојуваше во пораките на оние кои се збогуваа со настраданиот млад човек, а ја напиша мајката на врсникот на Немања, чие другарување го прекина неговата црна судбина.

„Почивај во мир невино момче. Момчето кое загина трагично беше школски другар на мојот син. Го пишувам ова со солзи во очите и се прашувам зошто и кога ќе престанат страдањата на невините луѓе. Длабоко и искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски“, напиша една жена погодена од трагедијата.

Од истото село каде што е роден Немања, вчера околу пладне почина и Ѓуро Швоња (77), на кого и вечерва соседите ќе му запалат свеќи и ќе се простат со двајцата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button