Вести

Се појави нова снимка од несреќата во Нови Сад

Advertisement

Во петокот, на 1 ноември, околу 11:50 часот загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу жртвите имало и две сестри, кои биле на пат да ги посетат своите баба и дедо, како и едно момче и една девојка кои го чекале автобусот.

Advertisement

Најмладата жртва има само шест години, а од 14 жртви, 13 се од Србија, додека еден маж е од Македонија – пишува „Блиц“.

На „Инстаграм“ профилот „Moj_Beograd” се појави видео од уривање на настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад, од друг агол.

Advertisement

На видеото се гледа целата станица, како и кобниот момент кога настрешницата се крши и паѓа врз луѓето кои биле долу и на клупите.

Во страшната несреќа што се случи во петокот на 1 ноември нешто пред 12 часот загинаа 14 лица, а тројца се повредени и се во тешка состојба во КБЦ Војводина.

View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD – 2 (@moj_beograd2)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button