Кога ќе се појават, цело Скопје гледа само во нив – Мики Црнокрак може да се гордее со неговите убавици
Светлана Црнокрак позираше во крзно
Како во најубавите години…
Поранешната македонска манекенка, Светлана Црнокрак, се уште може да се носи рамо до рамо со напите најпознати фото модели.
Тоа впрочем може да го видиме и од нејзините последни објави каде и покрај тоа што носи бунди, повеќе од очигледно е дека е во топ форма и мами воздишки во секое од овие свои изданија.
Потсетуваме, Светлана неодамна прослави 27 години брак со нејзиниот партнер и колега Мики Црнокрак.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Тие се речиси три децении во врска, а круна на нивната љубов се ќерките – Моника, која има 27 години, и нејзината сестричка Нина која деновиве стана тинејџерка и го прослави својот 13 роденден.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
И додека Нина се уште е мала, Моника веќе сериозно чекори по стапките на мама, па така минатата година ја освои титулата „Мис фотогеничност’ на изборот на европскиот избор за убавици што се одржа во Бејрут, Либан.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Покрај кариерата како модел, Моника од неодамна ја гледаме и на малите екрани како водителка, а поприлично е популарна и на социјалните мрежи каде често споделува фотографии.
Инстаграм/ Моника Црнокрак
Па, какви убавици се тие, но и како помина роденденот на Нина, најмалиот член во семејството, погледнете во продолжение…