Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа.
Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено.
Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господа и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата.
Живееше до длабока старост и мирно се упокои
Кај народот обичај е за овој ден да се одвојуваат овни кои на свети Лука (31.10) би се пуштиле кај овците за да се знае каква година ги очекува, пишува Ало.
Обичај во народот е на овој ден е да се даде прилог во црква за да се помолиме на Бога за милост и здравје на нашето семејство.