Реклама
Вести

Ова е малата Емилија (4), која почина по посетата на стоматолог

Реклама

Малата Емилија (4) која почина по посетата на стоматолог, најверојатно добила анестезија која била контаминирана со бактерии. На анестезиологот кој учествуваше во лекувањето сега му се заканува доживотен затвор.

Во тек е судењето на анестезиологот Џералд В. за трагедијата што се случи на крајот на септември 2021 година. Малата Емилија била однесена од нејзината мајка во позната стоматолошка ординација во Кронберг, Германија, бидејќи на девојчето му пукнал забот за време на игра.

На кобниот 28 септември, стоматологот ангажирал надворешен анестезиолог, Џералд В., да ги заспие Емилија и уште три деца за да си ги поправат забите без децата да почувствуваат страв. Се смета дека анестезиологот не ја подготвил анестезијата во согласност со прописите, поради што дошло до компликации за Емилија и уште три деца кои добиле анестезија тој ден.

Маркетинг

За жал, Емилија од последиците починала, додека другите три деца биле во тешка состојба, но лекарите успеале да ги спасат.

Во обвинението се наведува и дека Џералд В., наводно, го нападнал лекарот од Итната помош кој дошол во ординацијата кога на децата им се слошило. Малата Емилија почина два дена подоцна, на 30 септември.

Маркетинг

Според „Билд“, Џералд В. исто така е обвинет дека се обидел да ги прикрие своите постапки и страшните хигиенски пропусти со тоа што не дозволувал децата да бидат однесени во болница иако биле во критична состојба, знаејќи дека станува сè потешко да се докаже сепса како што одминува времето.

Според обвинението, Џералд В. му рекол на загрижениот колега стоматолог „да не прави драма“ што е лошо за децата.

На судењето се дозна дека Џералд В. од претходно им бил познат на органите на прогонот и дека против него претходно била поднесена кривична пријава за смрт на пациентка во Манхајм во 2019 година. Тој е обвинет дека ставил средовечна жена под општа анестезија без соодветно следење на нејзините витални знаци.

Во текот на судењето за смртта на девојчето, адвокатот на обвинетиот рече дека неговиот клиент најверојатно „не сакајќи имал пропусти во хигиената“.

Анестезиологот се товари за убиство од небрежност и обид за убиство на уште три деца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button