Реклама
Вести

Убава вест за граѓаните: Се воведуваат ШЕСТ НОВИ ЛЕТОВИ од Македонија

Реклама

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Летовите кои ќе се воведат од наредната година се кон Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул. Четири од овие дестинации се на „Виз ЕР“, една на „Флај Дубаи“ и една на „Туркиш Ерлајнс“

Министерот соопшти дека се спрема и втор повик каде што се надева дека некаде во декември ќе може да презентира нови дестинации.

„Ова е прекрасна вест за македонските граѓани со кои им се овозможуваат поврзување со овие дестинации но исто така ќе донесе многу туристи за Македонија. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес.

Маркетинг

За нови дестинации така кон крајот на декември ќе можам да презентирам нови дестинации. Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот.

Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button