Пронајдени се траги на насилство: Дали мајката и ќерката се убиени или се отруле со печурки?
Истрагата ќе покаже дали пронајдените починати мајка и ќерка во тетовско Слатино се убиени или пак се отруле од печурки.
Според изјавите на докторите на телата на мајката и девојчето биле пронајдени траги од насилство, а исти такви траги биле најдени и кај нејзиниот син. Таткото откако бил прегледан од доктор е утврдено дека кај него нема траги на насилство, а полицијата го уапсила.
Според неофицијалните информации, ова семејство е од социјален ризик.
За потсетување, денеска попладне четиригодишно девојче и нејзината 38-годишна мајка се пронајдени мртви во тетовското село Слатино.
Освен телата на мајката и ќерката, пронајдени биле и таткото, како и синот кои имале влошена здравствена состојба. Таткото бил во полусвесна состојба.
Официјално МВР за Прес24 соопшти дека пријавата дошла околу 14 часот од доктор од Теарце кој бил повикан од мајката на починатата жена и кој констатирам смрт.
-Денес (08-октомври) околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатоно која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт.
Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција, а нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе бидат префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка.