Реклама
Вести

Во недела се празнуваат Свети Адријан и Наталија: Паровите за среќа треба да направат една работа

Реклама

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото.

Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор.

По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки.

Маркетинг

Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо. Кога го слушна тоа и повторно се загледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога слушна, го праша: „Да не слезе полуде?“ Одговорот на Адријан беше: „Не полудев, туку се вразумив.“ Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ѝ го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај.

Маркетинг

После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки. Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена и се јави свети Адријан, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господа. Света Наталија мирно Му го предаде на Бога својот дух.

Молитва

Се верува дека сопружниците треба да запалат свеќа за нив во црквата и да ги кажат овие зборови:

– Твоите маченици, Господи, во своите маки примија нераспадлив венец, од Тебе, Боже наш, зашто со помош на Твоите мачители ја победија и ја уништија немоќната дрскост на демоните: спаси ги нашите души со нивните молитви.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button