Фронтменот на групата „Рибља чорба“ веќе трет ден е на болничко лекување во Љубљана поради опструктивна белодробна болест која се влошила.
Најголемата желба на Бора Ѓорѓевиќ во моментов е неговото здравје да се подобри, но покрај тоа има уште една желба која жестоко посакува наскоро да му се оствари.
Последен пат популарниот музичар се појави во јавноста на 1 јули на концерт, каде и покрај нарушеното здравје, успеа да настапи.
Иако веќе некое време се бори со разни здравствени проблеми, Бора последните години е исклучително активен на концертните сцени и не престанува да ја воодушевува публиката со својата енергија и харизма.
Еден од концертите кој привлече големо внимание се одржа во март 2023 година во неговиот роден Чачак. По тој повод Бора даде интервју во кое ја сподели својата најголема желба.
– Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога минатата година го добив признанието за почесен граѓанин.
Јас сум од Чачак и работам привремено во друг град, сите што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – изјави Бора за „Озон прес“.
Тој потоа истакна дека е свесен за намерите на челниците на градот Чачак улица или дел од овој град да го носи неговото име:
-Тоа признание обично се доделува постхумно, а постхумно не ми значи многу затоа што нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак.
Додуша, имам нешто слично во белградската зоолошка градина, таму има патека наречена сокакот на Бора – изјавил Бора во таа прилика.