Актерот Џон Апреа почина на 83-годишна возраст.
.Ѕвездата на „Кум 2“ (Godfather 2) и „Полна куќа“ (Full House) починал од природна смрт во својот дом во Лос Анџелес на 5 август, изјави неговиот менаџер Вил Левин.
Апреа, кој се здоби со популарност како младиот Салваторе Тесио во познатата филмска франшиза „Кум“, почина во присуство на членовите на семејството.
Актерот роден во Њу Џерси, се преселил во Њујорк во 1960-тите за да ги оствари своите соништа откако играл фудбал во училиште и со своето семејство неколку години живеел во Италија.
Потоа се преселил во Лос Анџелес, каде глумел платен убиец во филмот „Bullitt“ на Стив Меквин и глумел мафијаш во мини-серијата „Гангстерски хроники“ (The Gangster Chronicles) од 1981 година. Во текот на својата кариера, исто така глумел патријарх на повеќегенерациското италијанско-американско семејство во емисијата „Монтефускос“ (Montefuscosод) на Ен-би-си во 1970-тите.