Вести

Нови детали за двојното убиство во Кратово: Снаата повеќе пати пријавувала загрозена сигурност

Advertisement

Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.

-Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

Advertisement

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Снаата, двократен убиец во Кратово досега повеќепати пријавувала физичка загрозеност, објави локалната Телевизија Стар.

Advertisement

Мотивите за двојното убиство во Кратово кое се случи синоќа за полицијата во моментов се нејасни иако во изминатите пет години имало најмалку 4 пријави и поплаки за насилство.

Првото се случило во 2019 година кога била поднесена пријава за загрозена сигурност, а пријавен бил сопругот.

– Во 2023 година, пријава од осомничената за двојното убиство била повторно поднесена, а оваа година поплака исто така од неа имало против свекрвата. Во меѓувреме, во 2020 година имало уште една пријава, објави локалната ТВ Стар.

Од МВР велат дека полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.

– Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на денешниот ден се очекуваат нови детали кои би можеле да фрлат светлина на трагедијата која се случи синоќа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button