Реклама
Вести

Пијан возач прегази жена на пешачки – Еве колкава казна доби

Реклама

Ова е првостепена пресуда против која право на жалба имаат и одбраната и Вишото јавно обвинителство

Обвинителството побара девет години затвор за Миловановиќ со оглед на отежнувачката околност што, иако е професионален возач, бил пијан зад воланот и имал изречена забрана за возење во траење од три години.

Ивица Миловановиќ (61) од Ниш, денеска е осуден на седум години затвор за тешко кривично дело против јавниот сообраќај што доведе до смрт на Златица Стојковиќ (66).

Маркетинг

Според обвинението, Миловановиќ на 11 ноември минатата година во алкохолизирана состојба со возило „фиат добло“ ја удри Златица на пешачкиот премин на улицата Књажевачка, при што и нанел повреди од кои починала на лице место.

Обвинителството за Миловановиќ побара девет години затвор, со оглед на отежнувачката околност што, иако е професионален возач, бил пијан зад воланот и имал забрана за управување со возило во траење од три години. Адвокатите на нејзиното семејство бараа 12 години затвор, додека бранителите на Миловановиќ беа на мислење дека за оваа тешка сообраќајна несреќа е соодветна казна затвор од најмногу пет години.

Маркетинг

Станува збор за првостепена пресуда против која право на жалба имаат и одбраната и Вишото јавно обвинителство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button