Реклама
Вести

14-годишно дете ненадејно почина во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Реклама

Момче од Битола на 14 годишна возраст, ненадејно починало додека вчера со другарчиња си играло на ливада, во атарот на селото Крстоар, близу Битола, пренесува Независен.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош, но здравствената состојба била тешка.

Маркетинг

СВР – Битола информира дека настанот се случил – „вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“, информира полицијата.

Полицијата изврши увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button