САМО ЕДЕН ЧОВЕК ЗНАЕ КАДЕ Е ТЕЛОТО НА ДАНКА? „Тој покажува највисоко ниво на интелигенција и лукавство“ ФОТО
Каде е телото на Данка Илиќ? Ова прашање се поставува веќе месец и половина откако е откриено дека двегодишното девојче е убиено, но до ден денес нема одговор на тоа прашање.
Како што пишува „Блиц“, постои сомневање дека само едно лице знае каде е телото на девојчето, а тоа е Раде Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој призна дека ја убил Данка Илиќ.
– Тој покажува највисоко ниво на интелигенција и лукавство. Набргу откако беше уапсен, го смени адвокатот и се чини дека мисли само на своја одбрана. Затоа се сомнева дека тој е клучот за пронаоѓање на телото на девојлето – вели изворот.
– Обвинителството нареди и вештачење на ГПС уредот од службеното возило на ПУК „Водовод“, со цел да се утврди трасата на движење на наведеното возило, за критичниот период – велат во ВЈТ „Зајечар“.
Досега се сослушани 17 сведоци.
Како што јави Информер, од Вишото јавно обвинителство во Зајечар ја потврдија информацијата, која се појави во некои медиуми, дека новите вештачења на ДНК кои пристигнаа во обвинителството не покажуваат дека има биолошки траги од убиеното девојче Данка Илиќ (2 ) од Бор.
Во прашање се ДНК-тестовите од над 400, од вкупно 500 траги, земени од возилото на ЈКП „Водовод“ кое, како што се сомнева, го користеле осомничените Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ при кривичното дело.
– Во досега добиените резултати од вештачењето нема биолошки совпаѓања со ДНК на девојчето. Сепак, важно е да се напомене дека ова е само дел од вештачењето, бидејќи има многу предмети. Сега пристигнаа само првите извештаи. Очекуваме да пристигнат и другите – потврди за Информер обвинителот Миодраг Цановиќ.
Покрај овој сет материјални траги, на Биолошкиот факултет во Белград, во тек се и вештачења на биолошки траги од алат од куќите на осомничените и други предмети пронајдени на терен.