Интервју
Trending

Која е тајната на убавината и виткото тело на Ани Малинкова

„Само јас имам талент за музика од мојата фамилија и сум најуспешна“ - искрено со Ани Малинкова

Реклама
Реклама

Нејзината кариера започна во 1994 година, испеа многу песни, настапи на многу фестивали но вели дека најдрага и најомилена песна и е “Со тебе ко без тебе” бидејќи е најбарана  песна од младите. За да биде успешен еден пеач мора да се роди со тоа,  нема друго.  Мора да ги има сите квалитети посебно на сцена,  да блеска и што би рекла јас да биде звезда која најмногу блеска- вели за Гламур Ани Малинкова.

Вашата кариера започна во далечнаата 1994 година, се сеќавате ли на Вашите почетоци, кога беше Вашиот прв настап?

Прв настап ми беше на популарната емисија  „Оваа сабота”  на која настапив прва и ја отворив салата во Кавадарци. Преубаво време на позитивна енергија, на публика со преполни сали и со народ кој ја сака македонската песна.

Маркетинг

Испеавте многу песни со вашиот прекрасен вокал,  настапивте на многу фестивали, која песна Ви е нaјдрага и најдраг настап на некој од фестивалите? Ми се чини дека по  песната  “Со тебе, без тебе”  некако најмногу Ве препознаваат?

Сите мои песни ми се омилени и не издвојувам ниедна. Најдрага, најомилена песна  “Со тебе ко без тебе”  е само една повеќе барана песна од младите кои што ја обожаваат.  За неа посебна е самата музика во помодерен стил а за текстот секој сам си се пронаоѓа.

Маркетинг
Приватна архива

Што треба да поседува според Вас еден  пеач или пеачка за да стане успешен/ успешна на македонската сцена?

За еден пеач да постигне успех,  мора да се роди со тоа,  нема друго.  Мора да ги има сите квалитети посебно на сцена,  да блеска и што би рекла јас да биде звезда која најмногу блеска.

Колку умееме да си ја негуваме македонската музика според вас?

Македонската музика се негува  сеуште и овде и секаде по светот, но треба малку поактивно да биде организирањето и менаџирањето.

Приватна архива

Мајка сте на две ќерки, има ли некоја од Вашите ќерки интерес за музиката, дали ги имаат можеби наследено Вашите гени?

Само јас имам гени од мојата фамилија и сум една од најуспешните од сите во фамилијата.

Одите ли често во Вашето родно место, и што фи фали овде што го има таму?

Овде ништо не ми фали, од мала сум овде и имам се, ништо не ми недостаува и убаво ми е.

Приватна архива

Знаете многу често да пешачите до Водно, дали така ја одржувате физичката кондиција и линија, и колку долго сте активни во ова?

На Водно се качувам многу години. За мене Водно е природна анализа и љубов кон природата.

Како се негува Ани Малинкова, ќе ни ја откриете ли тајната за Вашата убавина?

Нема некој посебна тајна.  Се се должи на природна убавина,  здрав живот,  здрава исхрана,  но и мојата позитивна енергија.

Приватна архива

Дали Ани е заљубена?

Дали сум заљубена?

Јас сум заљубена во се’ она што го сакам. Тоа е тајна, јавно не кажувам.

Кога да очекуваме нешто ново од Вас, дали можеби планирате да настапите оваа година на некој од фестивалите?

Кај мене се се случува спонтано на музички план.  Ништо посебно, но пратам музика и точно анализирам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button