„Дали тоа последно го слушна малата Данка? Зборовите на Николина Пишек за убиството на двегодишното девојче од кои ќе ви се насолзат очите
Убиено е девојчето Данка Илиќ (2), кое исчезна во вторникот, 26.03.2024 година, во Бањско поле кај Бор, соопштено е денеска. Во овој момент се трага по телото на несреќното девојче.
Водителката Николина Пишек преку Инстаграм се огласи за овој трагичен случај кој го потресе целиот регион.
-Колку денес се отуѓивме од срамот, понизноста и стравот кога две наводно човечки единки удираат дете и без да проверат дали дише, го ставаат во багажникот и го исфрлаат во ѓубре. ? Можеби малата сè уште дишеше во тој момент, можеби имала шанса?
Какво чудовиште треба да си за да му признаеш на преплашениот татко кој те застанува дека не си го видел детето, а тоа можеби се бори за живот во тој багажник? Дали го слушнала гласот на нејзиниот татко? И таа не можеше да одговори. Дали тоа беше последно што слушнало малото девојчњ? Би побарала враќање на смртната казна. Јавно извршување. За никој друг да не помисли да направи вакво нешто – напиша Николина Пишек на Инстаграм.
Телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено, точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.
Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, го уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.