Еден од осомничените за убиството на Данка (2) го префрлил телото на девојчето на друга локација но не кажува каде
Потрагата по телото на Данка Илиќ (2), која беше убиена на 26 март, се уште трае. Министерот за полиција Братислав Гашиќ денеска на вонредна прес-конференција изјави дека се верува дека осомничените за убиството го преместиле телото на девојчето.
„Овие двајца осомничени ги донесовме пред некој ден, и тие направија полиграфски преглед. Возачот имаше задоцнета реакција, а сопатникот реакција. Истиот ден беа одземени приватни автомобили и службено возило. Нивните два автомобили… нашите форензичари проверија се, од регистарски таблички, браници.
Тој автомобил беше полн со алат и резервни делови. Тие двајца не одведоа до отпад, но имаме информации дека еден од осомничените се вратил на 28 март и го преместил телото на друга локација. Не можеме да им веруваме затоа што си ја префрлаат вината еден на друг. Да ги оставиме нашите луѓе да работат“, рече министерот Гашиќ.
Да потсетиме, тој претходно изјави дека таткото на малата Данка го запрел автомобилот на осомничениот додека тој ја барал ќерката. Тогаш таткото ги прашал дали го виделе девојчето, а тие одговориле дека не го виделе, иако телото тогаш било во багажникот на нивниот автомобил.