Реклама
Вести

Пред малку се огласи една од жените на видеото од Виена за кое се веруваше дека е Данка Илиќ

Реклама

Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видео од Виена на кое се гледаат две жени со девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ. Таа Романка тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а „Космо“ наведува дека овие најнови информации и ги доставиле на австриската полиција.

Новинарите преку група на Фејсбук стапиле во контакт со жената А.Ч.С.(36). Според нив, таа е романска државјанка и живее и работи во Виена. Тие оценуваат дека жената била нервозна.

– Од неделата сум во пеколот! Бев во Велс кога во текот на ноќта добив неколку пораки дека на сите социјални мрежи, на телевизиите во Романија и Србија се споделува видео со моја слика и дека ме бараат поради исчезнато дете. Во неделата веднаш отидов во полиција во Велс и побарав помош, но тие ме испратија дома и ме советуваа да се пријавам во полиција во Виена во мојот округ.

Маркетинг

Вчера отидов во полиција во 21 реон, побарав да ми помогнат и да ме заштитат, да го заштитат моето дете и мајка ми. Само што ме испратија дома. Денеска ситуацијата стана алармантна бидејќи моето лице беше лесно препознатливо во сите медиуми. Бев многу исплашена, не знаев што да правам. Се плашев дека ќе останам без работа – изјавила жената за „Космо“.

Маркетинг

Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Таа мисли, велат, само за тоа што можело да се случи доколку ја препознаат на улица и повикале полиција.

– Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам е исто толку страшно! Сега ми дојде полиција дома, им кажав се и на крајот ми се извинија за маките што ги претрпев. Ме замолија утре да дојдам кај нив да го потпишам протоколот – рекла Романката за „Космо“.

Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Таа мисли, велат, само за тоа што можело да се случи доколку ја препознаат на улица и повикале полиција.

– Тоа низ што поминувам е страшно! Никој на светот не може да разбере каков кошмар е ова! Можев да умрам невино. Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам со мајка ми е исто толку страшно! Сега ми дојде полиција дома, им кажав се и на крајот ми се извинија за маките што ги претрпев. Ме замолија утре да дојдам кај нив да го потпишам протоколот. Сакам само оваа приказна да остане зад мене и да се обидам да ја заборавам – потенцира младата Романка за „Космо“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button