Познатиот германски медиум „Билд“ на насловната страница на својата веб-страница објави текст за потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) под наслов: „Цела Европа го бара девојчето со цуцла – Мистериозно видео води до Австрија“.
Во текстот на овој германски медиум се наведува дека во тек е една од најголемите потраги во историјата на Србија.
Српските медиуми јавија и декат, новинарите на Си-Ен-Ен пристигнале во Банско поле.
Потрагата по девојчето трае веќе девет дена, полициски инспектори го пребараа целиот регион и околината каде што исчезна. Паралено трае и истрагата во Виена од каде што беше објавено видео на кое се гледаат две жени, романки, и девојче кое наликува на Данка.
Како што јави репортер на CNN кој е во Бањско Поље, девојчето од видеото не е Данка Илиќ
– На снимката се слуша „извади го од торбата“, на што таа се наведна и извади нешто од торбичката – изјави репортерот на CNN.
Да потсетиме, истрагата беше проширена и во Австрија, а Интерпол распиша жолта потерница. Виенската полиција соопшти дека истражува дали девојката која во саботата вечерта беше видена на трамвајската станица во Виена е навистина исчезнатата Данка Илиќ од Бор.
Тоа за Танјуг го изјавија од полицијата на прашањето како напредува истрагата и додадоа дека се во постојан контакт со српските власти.
„Српски државјанин кој живее во Виена на 30 март 2024 година околу 20 часот видел двегодишно девојче исчезнато во Србија на трамвајска станица во центарот на Виена. Со детето имало две жени. Тој стапил во контакт со српските власти и со виенската полиција. „Сведокот беше испрашуван и беше обезбедена снимка од набљудувањето на мажот. Точните околности, особено дали навистина се работи за исчезнатото девојче, се предмет на тековната истрага“, полицијата кажа.