Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумеричките модели се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа и на Балканот од следниот викенд, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските и ноќните часови, со што се очекува и појава на мраз.
Секако со ова очекуваме и снег понекаде и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.
Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне. Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме“, објави Попоски.