САЊА КУЖЕТ СИ ЗАМИНА ОД ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД Познато е и која водителка ќе го заземе нејзиното место ФОТО
Сања e бремена, па мора да се повлече од работата во Ѕвездите на Гранд
Бидејќи Сања Кужет е трудна, мораше да се повлече од снимањето и да одмара. Таа по тој повод проговори и се прости од тимот, а сега во медиумите се појавија информации кој ќе ја замени.
– Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе… Сликите се направени на последниот ден од снимањето… Кога никој немаше поим дека ова ми е последна емисија. Одиме на нови приватни победи! – напиша водителката во објава на Инстаграм.
Имено, како што пренесуваат медиумите, нејзиното место ќе го добие Ана Севиќ, која веќе има искуство со Гранд:
– Долго размислувавме кој би можел да ја замени Сања Кужет и имаше неколку дами во оптек. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ. Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите – изјави извор за Блиц.
Да потсетиме, Ана веќе беше водителка на музичкиот натпревар „Неки нови клинци“, беше натпреварувачка на „Ѕвезда Гранда“, а откако се омажи и му роди две деца на Даниел Недељковиќ, се повлече од работа.
Пред бракот со Даниел, таа беше во вонбрачна заедница со Дарко Лазиќ, со кој ја има ќерката Лорена.