Реклама
Вирално

Голем скандал во болница во Ниш: Старлета се снимала полугола меѓу картоните на пациентите ВИДЕО

Реклама

Помошник директорката на Здравствениот дом во Ниш, Данијела Нешиќ денеска најави дека здравствената установа ќе ги преземе законски пропишаните мерки против пациентката Катарина Ѓ. поради провокативните и навредливи фотографии и видеа што ги направила за време на паузата во една од одринациите на службата за општа медицина.

Нешиќ напиша дека пациентката дошла бидејќи требало да прими инјекција.

Маркетинг

„Со оглед на тоа што ваквото однесување нанесува голема штета на угледот на Здравствениот дом Ниш, како здравствена установа со углед , и поради провокативните и навредливи фотографии и видеото кое е понижувачко за нашата професија, ќе бидеме принудени да преземеме одредени мерки во рамките на законот“, изјави Нешиќ во објава на Фејсбук и сподели фотографии и видеа направени од Катарина Ѓ.

Маркетинг

На едно од видеата што ги снимила старлетата се гледа како седи на маса во Здравствениот дом на место наменето за медицински сестри и ја средува својата долга коса, со едната рака го држи шприцот, а со другата ја отвора иглата. На тоа видео таа напиша „Кој е за боцкање“.

Катарина Ѓ. објавила и фотографија на која држи шолја кафе во просторијата каде што се води медицинската документација на пациентите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button