Водителката на „Ѕвезда Гранда“ Сања Кужет наскоро ќе замине на породилно со оглед на тоа дека ќе се породи во јуни.
Се шушка дека на нејзиното место ќе дојде водителката на Пинка, Бојана Лазиќ.
Инаку, атрактивната Бојана долги години е ТВ-лице, а сега работи на еден од најгледаните проекти на Пинк, во рамките на емисијата „Премиера“.
– Кога таа му ја соопшти на Саша Поповиќ радосната вест, тој веднаш почна да размислува кој би можел да ја замени Сања.
Бојана работеше за Саша во Гранд и тој е презадоволен од неа, па сега се шпекулира дека преговара со неа за нов ангажман. Се’ уште се чува во строга тајност, но таа има најголема шанса да ја замени Сања – изјави за „Свет“ извор близок до Поповиќ.
Во оваа прилика се огласи и Бојана, која не ги демантираше овие наводи.
– Емисијата „Премиер викенд специјал“ и „Ѕвезде Гранда“ се на иста телевизија, па би била добитна комбинација. Ќе видиме – кратко изјави Бојана за Република.
Да потсетиме, Сања Кужет од првиот брак го има синот Андрија кој има 14 години, а синот Страхиња го доби пред шест години со сегашниот сопруг.
Многумина беа изненадени од нејзината бременост со оглед на тоа што во август наполни 40 години, но Сања сакаше да роди уште едно дете.