LIFESTYLEВести

СМРТТА НА МАЛАТА САРА (10) СЕУШТЕ E МИСТЕРИЈА: Едно се уште не е јасно, полицијата затекнала страшна глетка во куќата!

Advertisement

Обдукцијата покажа дека Сара се здобила со повеќе повреди кои настанале во подолг временски период

За нејзиното убиство биле сослушани таткото, вујкото и маќеата на Сара Сариф (10), која била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Advertisement

За време на распитот беше соопштено дека причината за смртта на девојчето се уште не е позната и ќе се утврдува во наредниот период.

Експертите рекоа дека се чекаат уште некои резултати, за да се утврди точната причина за смртта на девојчето Сара.

Осомничените се појавија на судењето преку видео врска за да го потврдат идентитетот.

Advertisement

Иако се веруваше дека судењето ќе започне брзо, првото рочиште не беше закажано дури во септември следната година.

Тројца пакистански државјани беа уапсени минатата недела на аеродромот Гетвик во Велика Британија и оттогаш се во затвор.

Тие се товарат за смрт на дете и предизвикување или дозволување смрт на дете.

Пронајдено тело во куќата

Полицијата за случајот била информирана кога таткото на Сара од Пакистан се јавил во британската полиција и го пријавил случајот. По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата затекнала страшна глетка во куќата.

Телото на девојчето лежело на креветот покриено со ќебе. Кога го тргнале ќебето, здогледале мало девојче како лежи облечено со главата нагоре и рацете преку градите.

Веднаш била повикана брза помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт на девојчето. Таа е идентификувана со помош на ДНК на нејзината мајка Олга и уште една блиска роднина.

Обдукцијата покажа дека Сара се здобила со повеќе повреди кои настанале во подолг временски период.

Точната причина за смртта допрва ќе се соопштува, но сигурно е дека таа подолг период трпела насилство, а смртта настапила поради „вмешаност на другата страна“.

Адвокатите на обвинетите ги отфрлија обвиненијата, но не поднесоа барање за кауција.

Се уште не е позната состојбата на петте деца кои останаа во Пакистан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button